Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години, попладнево во Диферданж, Луксембург, ги започнува квалификациите за ЕП. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, попладнево од 18 часот ќе го одиграат првиот меч во групата против селекцијата на Летонија.
Нашата селекција во рамките на квалификацискиот трунри во Луксембург до 15 октомври ќе одигра и со Словачка и Луксембург во битката за пласман во елитната фаза на квалификации. Инаку, против селекцијата на Летонија одигравме меч од минатите квалификации во март оваа година, кој заврши без победник 1:1.
Денеска во истиот термин ќе се одигра и вториот меч во нашата група меѓу домаќинот Луксембург и селекцијата на Словачка.