Ѓоргиев по победата на Струмица: Првиот чекор е направен, на реваншот ќе одиме од нула

207

Одбојкарите на Струмица успеаја во намерите да ја остварат првата европска победа. Синоќа засилениот состав на шампионот со актуелните репрезентативци го прегази унгарски Фино Капошвар и им приреди незаборавна вечер на вљубениците во одбојката низ цела Македонија. Повратникот во струмичкиот дрес, Никола Ѓоргиев, вели дека оваа победа е заслужена, но до 1/16-финалето има уште еден меч.

„Одличен натпревар. Одигравме како што се договоривме, искусно, без многу директни грешки. Знаевме со каков противник се среќаваме, дека не смееме да правиме грешки. Им честитам на сите момци, на управата, на сите навивачи. Првиот чекор е направен, но не треба да се залажуваме дека во Унгарија ќе биде лесно. Таму Капошвар ќе има две нови засилувања, еден Кинез и повратникот од Русија, така во Унгарија почнуваме од нула и ќе се бориме за нова победа“, вели капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓоргиев, кој ја поведе Струмица синоќа до првата европска победа.

Реванш дуелот со Фино Капошвар е на програмата следната недела во среда од 18 часот.

ПретходноОва е сендвичот на натпреварите на Вест Хем од 14 евра! (ФОТО)
СледноНедановски: Малку потфрливме во вториот дел, но најважна е победата