ЛН: Ерменија се спаси од пораз, Грција ја шокираше Англија (ВИДЕО)

456

Репрезентацијата на Фарските Острови вечерва беше на праг да направија изненадување против Ерменија, но не успеа да ја задржи предноста од 2:1. Ерменците израмнија во 93. минута и останаа во трката за првото место во групата во која Македонија е лидер.

Standings provided by Sofascore

 

Најголемото изненадување во Лигата на нации вечерва се случи во Лондон на „Вембли“, каде Грција предводена од српскиот стратег Владимир Јовановиќ ја совлада Англија за првпат во историјата на гости со 2:1. Грците вечерва се потсетија на 2004 година кога ја освоија Европа и покажаа дека не заборавиле да играат фудбал. Херој на гостите е Вангелис Павлидис кој ги постигна двата гола за Грција во 49. Минута и во 94. минута од мечот.

Англичаните успеаја да израмнат на три минути пред крајот на натпреварот со голот на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЛШ: Барса го „здроби“ Алборг, Келце ја доби драмата со Магдебург
СледноЛН: Белгија извади реми во Рим, Франција го прегази Израел (ВИДЕО)