Македонија сака, Македонија треба да победи во Рига!

214

Денеска во 18 часот на стадионот на Сконто во Рига, нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на Летонија. Ова ќе биде првиот меч од октомврискиот циклус во Лигата на Нации во сегментот Ц. во групата 4. Веќе во недела повторно гостуваме и тоа во Ереван каде играме со Ерменија. Овие два меча веројатно ќе бидат клучните за избраниците на селекторот Благоја Милевски во поглед на остварување на целта, а тоа е првото место во групата. Со две победи, со шест освоени бода на овие две гостувања веројатно се ќе биде готово, за да во ноември ги дочекаме дома двете последни средби со Летонија и Ф. Острови во победничка атмосфера.May be an image of 11 people, people playing football, people playing soccer and text

Но за такво нешто треба да се добие прво денеска Летонија. Селекција која јасно е дека не е состав од кој треба посебно да стравуваме, но исто така не е состав кој би требало да се сфати несериозно и со потценување. Ако Македонија одигра како што знае, како што треба тогаш Македонија ќе победи, барем така вели фудбалската логика.

Но во последно време за нашата селекција како да не постои фудбалска логига. Конечно по лошите игри и резултати, на последниот меч и тоа со Ерменија дома покажавме дека знаеме и можеме да играме добар фудбал што беше доволно за прекинување на лошата серија во која немавме победа речиси една година.

Вчера на пресот селекторот Милевски и капитенот Барди беа оптимисти, кажаа дека веруваат во победа, но и дека треба да се даде максимумот. Така и треба да се размислува кога против себе имаш селекција од типот на Летонија. Проблемите во нападот се тука, со Александар Трајковски и Дарко Чурлинов ќе имавме повеќе опции, но што да се прави, тоа е тоа.

Како што веќе нагласивме, денеска од 18 часот во Рига селекцијата на Македонија гостува кај Летонија.

Македонија сака, Македонија може и Македонија треба да победи!

На крајот уште и тоа дека овој меч ќе го суди Јакоб Сундберг од Данска.

Ц ЛИГА НА НАЦИИ – ГРУПА 4

ДЕНЕСКА – 3.КОЛО

Рига: Летонија – Македонија (18:00 Ч)

Торшавн: Ф. Острови – Ерменија (20:45 Ч)

ТАБЕЛА

1.Македонија 4

2.Ерменија 3

3.Летонија 3

4.Ф. Острови 1

ПретходноПолитичките страсти повторно прават проблем во светот на спортот
СледноМората: Три месеци пред почетокот на ЕП не знаев дали можам да се вратам на фудбалот