Пелистер го направи историскиот момент во овој формат на Лигата на шампиони. Битола чекаше и дочека – прв бод во најсилното европско клупско натпреварување. Актуелниот македонски првак западна во тешка криза и се чинеше дека е на прагот да загуби меч кој реално заслужи да го добие.
Ракометарите на Пелистер се вратија од негатива од три гола во последните 75 секунди и против силниот Спортинг Лисабон успеаја да освојат бод.
Овој момент заедно со голот на капитенот Филип Кузмановски преку тројца ракометари како терминатор се најдоа во фокусот на ЕХФ.
View this post on Instagram
View this post on Instagram










