Фудбалерите многу често имаат полоши настапи на теренот кога има проблеми во приватниот живот, а сега за тоа јавно проговори и Хуан Жесус. Тој истакна дека не се чувствува безбедно во Неапол.
Хуан Жесус испрати порака преку социјалните мрежи откако веќе неколку недели живее низ ужас и страв.
Објавата на фудбалерот на Наполи одекна на социјалните мрежи, а тој брзо стана главна тема на италијанските медиуми. Откако му било скршено стаклото на возилото, Жесус во објавата истакнал дека го следат веќе еден месец.
Во своето возило пронашол неколку уреди за следење на возилата и истакнал дека веќе нема мир во Неапол, ниту пак ќе го има повторно.
„Откако ме следеа речиси еден месец, денеска се обидоа да ми го украдат автомобилот. Какво страшно чувство е ова. Ова ме прави да повраќам. Вечерашниот настан е само шлаг на тортата. Во последниот месец најдов пет мини тракери за возила на мојот автомобил. Тоа што знам дека овие криминалци знаат каде живеам не ме смирува.
За жал, никогаш повеќе нема да се чувствувам безбедно во толку убав град. Знам дека материјалните работи не се важни, но знаејќи дека некој странец провалил во мојот приватен имот ме прави да се чувствувам небезбедно и ужасно“, напиша Жесус.










