Берат Имери и дефинитивно и официјално е новиот шеф на стручниот штаб на Беса. Станува збор за некогашен тренер на Воска кој го внесе тимот од Охрид во ПМФЛ.
По разделбата со Александар Таневски во изминатите неколку мечеви тимот на Беса како В.Д го предводеше Бурим Садики. Раководството на клубот беше во преговори со повеќе познати имиња од Македонија, но и од регионот. Се споменуваше и Бруно Акраповиќ, но сепак паднало одлука на Берат Имери да се назначи за шеф на струката на прволигашот од Добри Дол.
Имери утре ќе го има првиот тренинг со играчите на Беса, а на 20 октомври своето официјално деби и тоа против Вардар во Гостивар во меч од 10.коло во ПМФЛ.