Роналдо, Федерер…до Надал: Ти благодариме, Рафа!

59

Од денеска светот на спортот, светот на тенисот нема да биде ист. Од денеска Рафаел Надал, еден од најголемите спортисти во историјата, еден од најдобрите тенисери во историјата, еден од тројцата гиганти во тенисот заедно со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Па така сега од големата тројка остана само Новак.

Во текот на денешиот ден не престануваат реакциите на познатите спортски фаци во светот, тенисерите и сите оние кои значат нешто имаа што да му порачаат на Рафа. Еден од нив беше Роналдо, а посебно емотовен беше Федерер кој напиша:

Каква кариера, Рафа?! Се надевав дека овој ден нема никогаш да дојде. Ти благодарам за сите незаборавни моменти и неверојатни достигнувања во спортот кој сите го сакаме. Ми беше апсолутна чест“.

ПретходноПосле трагедијата се огласи и Панатинаикос: Шокирани сме!
СледноНовиот голман на Барса со порака: Никого да не го засега што пушам, немам намера да се менувам!