Трагедија: Грчки репрезентативец пронајден мртов во базенот на својот дом!

162

Трагична вест доаѓа од Грција, фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балодк е пронајден мртов во својата куќа. Балдок пред само три дена одигра дерби против Олимпијакос, на теренот мина 75 минути, а локалната „Газета“ тврди дека се удавил во базенот.

До него имало полуполно шише вотка, а го барала неговата сопруга која живее во Англија со нивното дете. За жал, безуспешно.

Болдок е роден во Англија, од 2017 до 2024 година настапуваше за Шефилд Јунајтед, додека од 2022 година беше репрезентативец на Грција. Тој минал низ школите на МК Донс, а потоа играше во Нортемптон, Тамворд, Оксворд Јунајтед, а една сезона беше дел и од исландски ИБВ.

ПретходноЕден ама вреден: Голот на Павле Атанасијевиќ за голема радост во Битола (ВИДЕО)
СледноСпалети: Имам интересен состав, треба да ја победиме Белгија