Уште тоа му недостигаше на Ерик тен Хаг. Имено како што јавуваат денеска медиумите во Англија, Нусаир Мазрауи има проблеми со срцето и ќе биде надвор од тимот најмалку два – три месеци. Дел од медиумите лиферуваат вест дека ќе мора да оди дури и на операција.
Да потсетиме дека Мазрауи ма “Олд Трафорд“ дојде ова лето и тоа како големо засилување од Баерн Минхен.
Мароканецот во следниот период ќе биде под посебен режим, но факт е дека за него оваа 2024 фудбалска година е завршена, најмалку.