Арсенал подготви понуда за чудото од дете вредна 95 милиони евра, но се прашува и Реал!

466

Раководството на Арсенал е подготвено во јануари да испрати понуда до 95 милиони евра за еден од најголемите таленти кога е фудбалот во прашање, а за потписот на овој играч ќе се бори со Реал Мадрид.

Арсенал летово не потроши многу пари и кога се ќе биде ставено на хартија, сумата за засилувања изнесува околу 100 милиони евра.

Микел Артета се надева дека веќе во јануари може да доведе некои фудбалери кои ќе го подигнат нивото на игра на уште повисоко ниво за конечно да го симнат Манчестер Сити од тронот во Премиер-лигата.

Како што пренесуваат странските медиуми, Арсенал се заинтересирал за младиот фудбалер од Палмеирас, Витор Реис.

Овој млад фудбалер има откупна клаузула од 95 милиони евра и по таа цена Арсенал може веднаш да го добие.

Сепак, големо прашање е дали Еду ќе сака да плати толку пари за толку млад фудбалер или ќе се обиде да се пазари со управата на Палмеирас.

Наводно, раководството на Палмеирас е подготвено да го продаде овој одличен млад дефанзивец за помалку пари, но тоа нема да оди под 50 милиони евра.
Реис игра како стопер, но може да ги покрие сите позиции во последната линија и тоа е голема предност.

Сезонава одигра 11 натпревари за тимот од Бразил иако има само 18 години.

Освен за Арсенал, за Витор Реис силно гризеле Реал Мадрид и Тотенхем, а се очекува голема битка за неговиот потпис.

ПретходноМората: Три месеци пред почетокот на ЕП не знаев дали можам да се вратам на фудбалот
СледноФормулата на Пелистер како од -3 до реми + Кузмановски терминаторот (ВИДЕО)