Рафа Надал објави крај на кариерата: Ви благодарам на сите!

152

Легендарниот тенисер Рафаел Надал (38) на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.

Последниот турнир на Шпанецот ќе биде финалето на Дејвис купот во Малага во ноември.

„Реалноста е дека поминав низ неколку тешки години, особено последните две. Мислам дека никогаш не сум играл без ограничувања“, истакна меѓу другото Надал.

На социјалните мрежи им се заблагодари на сите на неколку светски јазици, меѓу кои и на српски.

Во својата кариера освои 22 Грен Слема: 14 на Ролан Гарос, 4 на УС Опен, 2 на Вимблдон и 2 на Австралијан Опен.
ПретходноФормулата на Пелистер како од -3 до реми + Кузмановски терминаторот (ВИДЕО)
СледноМилевски со нови проблеми, сега во одбраната!