Алкалоид по нови бодови во Велес за зацврстување на врвот!

54

Денеска стартува седмото коло во Супер-лигата, а први на теренот ќе се истрчаат Бисинов и Алкалоид (19 часот), ова е единствениот меч на петочкиот распоред. Дебитантот во ова натпреварување има една победа и пет порази, се наоѓа на 10. место на табелата.

На другата страна пак Алкалоид ќе ја бара седмата победа во низа од стартот на сезоната која ќе го зацврсти на првото место на табелата.

Во фокусот од ова коло се мечевите меѓу ГРК Тиквеш и Бутел Скопје (се игра утре), како и пресметката меѓу Пелистер и непоразениот ГРК Охрид, овој дуел на програмата е во недела.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 7
11.10.2024 – ПЕТОК
19:00 часот РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК АЛКАЛОИД
12.10.2024 – САБОТА
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30 часот РК ПРИЛЕП – РК ВАРДАР 1961
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – МРК КУМАНОВО
13.10.2024 – НЕДЕЛА
13:30 часот РК СТРУГА – РК РАДОВИШ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД
ПретходноИграчот на Фиорентина е ослободен од обвиненијата за сексуална злоупотреба
СледноМакедонија со шест боксери замина на ЕП во Бугарија