Алкалоид убедлив и против Бисинов за „седум од седум“

71

Екипата на Алклоид на дело ја оправда фаворитската улога против Бисинов. Во првиот меч од седмото коло во Супер-лигата, избраниците на Кирил Лазаров славеа со 22-40 за седма победа во исто толку одиграни мечеви.

Името на победникот беше познато уште по првото полувреме. Алкалоид отвори со 2-7, на одморот беше 9-18. Во вториот дел падна темпото во редовите на домашниот тим, па скопскиот состав уште на стартот поведе со двоцифрени 9-19 и до крајот рутински ја одржуваше предноста.

Митев со седум гола беше прв стрелец кај Алкалоид, зад него беше Петковски со шест погодоци, пет запиша Серафимов. На другата страна Илиев имаше седум погодоци.

 

ПретходноЖозел Матип и стави крај на играчката кариера
СледноПетровиќ останува селектор на Бразил