Играчот на Фиорентина е ослободен од обвиненијата за сексуална злоупотреба

76
Фото: Алберт Гудмундсон/Инстаграм

Фудбалерот на Фиорентина, Алберт Гудмундсон, беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад пред судот во Рејкјавик.

Тој беше обвинет за сексуална злоупотреба по инцидент што се случи летото минатата година во главниот град на Исланд. Случајот веќе еднаш беше отфрлен, но обвинителот поднесе жалба да продолжи судењето.

Девојката која го обвини фудбалерот за сексуална злоупотреба барала отштета од околу 20 илјади евра.

„Невин! За крај, сакам да кажам дека никогаш нема да поддржам каква било форма на насилство. Како татко на две деца, меѓу кои и една мала ќерка, како и три помали сестри, искрено се надевам дека овој случај нема да им наштети на другите жени кои се вистински жртви на насилство“, рече Гудмунсон.

ПретходноНовиот сопственик на ФК Вардар, Атила Бижен Жалили се огласи во јавноста
СледноАлкалоид по нови бодови во Велес за зацврстување на врвот!