Претседателот на ОК Струмица, Владо Милев и проектниот менаџер Никола Делевски денеска имале средба со претставниците на Академијата на полскиот одбојкарски првак Јастржебски, директорот Андреј Павловски и координаторот на тренерите Дариус Лукс, за продлабочување на веќе потврдената соработка.
Според информациите од ОК Струмица, двата клуба се договориле за уште една посета на младите категории на академијата на Јастржебски во Струмица во мај идната година, како и возвратно патување во Полска на млади категории на Струмица во јуни 2025-тата.
Тренерите на Струмица ќа одат на усовршување во Полска, а договорена е и можност за размена на тренери и играчи за следната сезона се со цел за подобрување на резултатите на двете екипи.
Струмица и Јастржебски исто така договориле и план за изработка на заеднички европски проекти за развој на одбојката како и план за инфраструктурни проекти за подобрување на условите за работа на сите екипи на ОК Струмица, како и план за отварање на одбојкарска академија во Струмица.