Антонио Касано: Ако си фудбалер и ги потрошиш сите пари – ТИ СИ ИДИОТ!

94

Антонио Касано во свое време беше еден од најдобрите напаѓачи во светот. Играше и за селекцијата на Италија, беше член на Рома, Реал Мадрид, како и на други клубови, но јасно е дека можеше повеќе да му даде на фудбалот.

Беше фудбалер кој си тера по свое, не трпеше авторитети, можеби затоа не го искористи сиот свој потенцијал.

Во врска со парите имаше што да каже во деновите кога веќе одамна е во фудбалска пензија, Касано си кажа:

Сега можам да кажам дека не сум човек кој се расфрла со парите, но не беше така кога бев млад, кога потпишав за Рома. Од првиот договор и првите пари кои ги добив од Сенси си купив девет автомобили, девет! Едноставно бев луд. Потоа не беше така, инвестирам, не трошам пари бадијала. Сега знам како треба со нив. Можам да кажам дека ако си фудбалер и ако ги потрошиш сите пари кои си ги заработил, тогаш ти си идиот. Знам многу фудбалери кои сега немаат ништо. Што да кажат оние кои секое утро стануваат и одат на работа за 2.000 евра месечно?

ПретходноМбапе ги изнервира Французите: Бараше одмор од репрезентација, а си шета во Стокхолм! (ФОТО)
СледноНотингем ќе плати скоро 1 милион евра поради критики кон судијата Тејлор