Анчелоти преку директорите се обидува да го убеди Перез да купи нов бек во јануари

146

Карло Анчелоти не отстапува од потребата во јануари да се доведе ново засилување на бековската позиција, но има сериозен проблем со претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој не сака зимски трансфери.

„Марка“ пишува дека главниот тренер на Реал Мадрид разговарал со директорите на клубот за потребата од проширување на тимот. Неговата средба со Сантијаго Солари и Хозе Анхел Санчез се одржала вчера.

На состанокот се проценувала длабочината на тимот на секоја позиција, особено онаму каде има повреди, а се испитувале и достапните резерви и опции на пазарот. Иако Анчелоти не поставил конкретно барања, тој истакнал дека е потребно ново засилување на бековската позиција.

Сега сите треба да го убедат Флорентино Перез, кој одамна се знае дека не е подготвен да троши пари за време на зимскиот преоден рок.

ПретходноНаковски волеј победник на 5. Меморијал „Илија Караманов“
СледноБарселона ќе го плаќа Меси до 2025 година