Жозел Матип и стави крај на играчката кариера

86

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и камерунската репрезентација Жозел Матип ќе ја заврши играчката кариера.

33-годишниот фудбалер летово го напушти Ливерпул како слободен играч и потпиша за Гелзенкирхен. Скаутот на Хамбург изјави дека спортскиот директор на клубот го контактирал Матип за соработка, но камерунецот му одговорил дека ова е последна негова сезона и дека ќе се пензионира наскоро.

Како фудбалер на Ливерпул Матип стана шампион на Европа и Англија, како и освојувач на ФА купот, Карабао купот и европскиот суперкуп. Заедно со Вирџил Ван Дајк тој беше дел од едно од најдобрите дефанзивни двојки во историјата на Премиер Лигата.

ПретходноОК Струмица со помош на полскиот првак Јастржебски планира отворање одбојкарска академија
СледноАлкалоид убедлив и против Бисинов за „седум од седум“