Карсли: Разочаран сум! Тактиката за Грција ја вежбавме само 20 минути!

200
Фото: England football federation

Повремениот селекторот на Англија, Ли Карсли зборуваше по шокантниот пораз на неговиот тим од Грција (1-2) на домашен терен рамките на третото коло од Лигата на нации го критикуваше настапот на „трите лава“, но кажа и добри работи за противникот.

„Не одигравме многу добро. Можеби направивме премногу грешки во различни делови од теренот. Головите што ги примивме не беа на нивото на кое сме навикнати. Мислам дека е исто така важно да и се даде кредит на Грција за начинот на кој тие играа. Знаеме дека треба да се подобриме. Дефинитивно морам да размислам како да им дадам повеќе шанси на играчите да делуваат покомпактно“, изјави Карсли.

Специјалистот спомена и некои други грешки кои ги направиле неговите играчи.

„Поголемиот дел од мечот бевме во втор план. Ова е разочарувачки. Игравме поинаку, но за жал не ни одеше. Со квалитетот што го поседуваме, сите голови беа постигнати по наши грешки. Ова е нешто што го трениравме на ден пред натпреварот и само 20 минути, експериментирав. Разочаран сум што не ми успеа тактиката. “, додаде Карсли.

ПретходноСолскјер ја одби Данска – преговарал со топ клуб
СледноПознатиот стадион е една од „жртвите“ на угаранот Милтон (ВИДЕО)