Легендарниот Германец се прости од играчката кариера пред 50.000 фанови! (ВИДЕО)

124
0

Легендата на германскиот фудбал, некогашниот репрезентативен напаѓач од полски корени, Лукас Подолски, синоќа во Келн пред 50.000 фанови се прости од играчката кариера и тоа со стил. Тука беа Мануел Ноер, Пјер Мертезакер, Ханси Флик, Јоаким Лев и уште многу други познати фудбалски фаци.

Се разбира дека емоциите беа тука, секако и солзите, а Лукас во прошталниот говор до фановите истакна:

Секогаш сакав да бидам искрен, момче од улицата. Јасно е дека без навивачи фудбалот е ништо“.

Инаку Подолски во својата кариера играше за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, потоа во Јапонија, како и во Горњик Забрже. За репрезентацијата Германија одигра 130 натпревари и постигна 49 голови.

ПретходноРеал Мадрид: Дани Карвахал успешно опериран!
СледноМбапе ги изнервира Французите: Бараше одмор од репрезентација, а си шета во Стокхолм! (ФОТО)