Боксерската репрезентација на Македонија заминува за Бугарија, каде ќе настапи на Европското првенство за боксери до 23 години. Борбите на првенството ќе започнат од 12-ти октомври, а шампионатот ќе заврши на 21 октомври.
Македонската експедиција ја сочинуваат осум члена, шест боксери и двајца тренери,
За македонскиот национален тим ќе настапат: 57 кг Ален Рустемовски, 60 кг Ружди Рустемовски, 63,5 кг Дион Лена, 71 кг Енис Алиу,, 80 кг Арјан Исени, и +92 кг Ардијан Аземи.
Националниот тим ќе го предводат тренерите Мухамед Алија и Арџент Исени.
Пред да заминат за Софија, нашите боксери ги посети новиот претседател на федерацијата Кристијан Андреевски кој ги испрати им посака среќа и добар настап на нашите репрезентативци на ЕП со желба за што поголем успех на македонскиот бокс на шампионатот.