Прославениот хрватскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ го продолжи договорот со бразилската кошаркарска репрезентација. Како што соопштија од тамошната федерација, Петровиќ ќе остане на селекторската позиција до 2028 година.
Тој ќе ја предводи селекцијата на Бразил до крајот на следниот олимписки циклус, кој завршува во летото 2028 година, кога се одржуваат Олимписките игри во Лос Анџелес.
„По предолимписката титула во Летонија и седмото место на Олимписките игри, Александар Петровиќ продолжува како селектор на машката репрезентација на Бразил“, објави Бразилската федерација.
Петровиќ направи голем подвиг ова лето, водејќи го Бразил низ квалификациите до завршниот турнир во Париз.