Она што синоќа го најавивме, дека и официјално Берат Имери е нов шеф на стручниот штаб на Беса, денеска и се потврди. Прволигашот од Добри Дол преку својот спортски директор Изаир Емини го претстави новиот сратег.
Имери најнапред му се заблагодари на спонзорот на клубот:
“Разговорот со првиот човек на Беса беше кус, тоа значи дека и двете страни имале желба да дојде до потпис, до соработка. Верувам дека работите ќе тргнат во посакувана насока. Ќе се обидеме што помалку да зборуваме а повеќе да работиме за да постигнеме што подобри резултати“ истакна покрај другото Берат Имери.
Инаку новиот шеф на Беса своето официјално деби ќе го има на 20 октомври и тоа против Вардар во меч од 10.коло во ПМФЛ.