Јирген Клоп ќе заработува околу 10-12 милиони евра годишно од новиот ангажман во Ред Бул.
Оваа недела Ред Бул го објави назначувањето на поранешниот тренер на Ливерпул за шеф на фудбалските операции. На новата позиција, 57-годишниот Клоп ќе биде одговорен за стратешкото управување на меѓународната мрежа на клубови Ред Бул (во која се и германски Лајпциг, австриски Салцбург и американски Њујорк Ред Булс).
Според новинарот Флоријан Плетенберг, Германецот намерно ја избрал оваа улога и во моментов не размислува за враќање на тренерската работа. Сепак, функцијата селектор на германската репрезентација останува можна опција.