Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна во Ереван, каде веќе в недела ќе го одигра и вториот октомвриски натпревар од Лигата на нации. По победата над Летонија (0:3), избраниците на селекторот Благоја Милевски со оптимизам го очекуваат и дуелот со Ерменците од кој директно ќе зависи битката за првото место во групата.