Само во ПЛ: Револуција во ТВ преносите, играчите ќе даваат изјави среде натпревар!

96

Како што јавуваат медиумите на Островот, од следната сезона во Премиер-лигата ќе се случува вистинска револуција во ТВ преносите од оваа лига копја убедливо е најсилна во светот.

Имено според договорот, играчите, тренерите или поточно менаџерите, ќе мора да даваат куса изјава за време на полувремето или кога играчот ќе го напушти теренот. Нешто слично како што е во НБА или во Евролигата.

Исто така ќе можат да се следат и сцени од соблекувалните.

Се ова е дел од договорот меѓу ПЛ и компанијата која ги пренесува натпреварите од оваа лига, договор вреден 8 милијарди евра.

Неверојатно…

ПретходноРаководството на КФСМ во Милано, на разговори со челниците на Олимпија и Париз!
СледноРеал Мадрид: Дани Карвахал успешно опериран!