Македонија – Молдавија 2:1 е епилогот од квалификацискиот меч во групата Ц за пласман на У-21 ЕП 2025, кој се одигра попладнево на тренинг центарот на ФФМ во Скопје.
Стрелец на првиот гол голот беше Бехар Фета во 11.минута, Камбери во 90+4. минута стрелаше за 2:0 со прекрасен гол. Сепак ова не беше крак, Раилеану во 90+50. минута ги постави конечните 2:1.
Не толку блескав настап на нашите млади фудбалери, на моменти тоа не беше баш така лошо, но генерално може и мора подобро. Сепак победа си е победа, три бода си се три бода, на крајот само тоа се смета.
Заслужена победа на Македонија и тоа со 2:1.
Нашите млади фудбалери рано поведоа и тоа уште во 11.минута, кога асистенција на Трпчевски, Бехар Фета убаво ја искористи и ја претвори во гол за водство на У-21 Македонија од 1:0. И по тој гол избраниците на селекторот Драган Канатларовски ги диктираа настаните на теренот, но сепак гостите се обидуваа да дојдат до шанси, до загрозување на нашиот гол, и тоа беше неуспешно.
Па така на пауза се замина со тие 1:0.
И во второто полувреме исти моменти на теренот. Неколку закани, полушанси на двете страни. Македонија во поголем дел знаеше што сака, желбата беше да се даде и втор гол а на Молдавците да израмнат.
Но на крајот резултатот беше 2:1. Во судиското продолжение Камбери стрелаше за 2:0 а во последните секунди гостите го ублажија поразот.
До крајот на овие квалификации Македонија ја чека уште гостување кај Грузија на 15 октомври.
У-21 Квалификации за ЕП 2025 – група Ц
МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈА 2:1 (1:0)
Тренинг центар на ФФМ во Скопје. Судија: Мартин Дохал (Словачка). Стрелци: Фета 11., Камбери 90+4. (МАК), Раилеануи 90+5. (МОЛ)
МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Ѓ. Џеков (79. Хамзиќ), Р. Рамадани, Деспотовски, Фета, Адеми (89. Гуџуфи), Трпчевски (67. Исаки), Фетаи, Крстевски (67. Камбери), Тодоровски (67. Златков), Рамани.
МОЛДАВИЈА: Смаленеа, Куцос, Сака, Иову, Калестру, Паскалута, Лупаску (58. Ротару), Дилинари, Бутуцел (58. Козма), Лупан, Булмага.