Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и камерунската репрезентација Жозел Матип ќе ја заврши играчката кариера.
33-годишниот фудбалер летово го напушти Ливерпул како слободен играч и потпиша за Гелзенкирхен. Скаутот на Хамбург изјави дека спортскиот директор на клубот го контактирал Матип за соработка, но камерунецот му одговорил дека ова е последна негова сезона и дека ќе се пензионира наскоро.
Како фудбалер на Ливерпул Матип стана шампион на Европа и Англија, како и освојувач на ФА купот, Карабао купот и европскиот суперкуп. Заедно со Вирџил Ван Дајк тој беше дел од едно од најдобрите дефанзивни двојки во историјата на Премиер Лигата.