Македонското евролигашко дерби за Димитријевиќ, Нено ќе го памети дуелот против Шортс

403

Македонското дерби во Евролига му припадна на Ненад Димитријевиќ, кој со својот тим Олимпија Милано ја запишаа првата победа оваа сезона и тоа на сметка на Париз (79-74) за кого настапува Ти-Џеј Шортс.

Ова беше прва победа за Димитријевиќ во неговата прва сезона во најсилното европако клупско натпреварување.

И двајцата македонски репрезентативци беа стартери. Нено беше стрелец на девет поени, сите ги постигна од линијата за три поени каде имаше 3/7, зад своето име додаде уште три скока. Шорц пак имаше 17 поени и 8 скока.

Олимпија Милано беше подобар тим во првото полувреме. Во првата четвртина имаше позитива од седум поени (19-12). По последните плус седум во вториот период, Париз успеа со серија од 11-0 да го превземе водството 33-37. На одморот резултатот беше 35-39.
Тимот на Димитријевиќ успеа да го врати водството на стартот на последната четвртина 58-57 за неизвесна завршница.

Шорц имаше важна улога во својот тим, реализираше за 48-53, а потоа и за 60-67. Но, драмата продолжи. Иако Париз поведе со 63-71 на пет минути до крајот, ништо не беше решено. Олимпија се врати на 69-71, а потоа поведе со 76-73 на минута до крајот на натпреварот.

На другата страна Шорц не постигна тројка за изедначување, Мадо намали на минус два, но домаќинот веќе влезе во ритам и не дозволи дуелот да заврши поинаку.

На останатите две средби Барселона славеше против Алба Берлин со 88-73, додека Олимпијакос беше подобар од Жалгирис со 74-68.

ПретходноБарселона ќе го плаќа Меси до 2025 година
СледноЛН: Германија минимално во Зеница, Холандија извади бод против Унгарија (ВИДЕО)