Ураганот Милтон, еден од најсилните урагани некогаш видени на американско тло, помина низ Флорида. Засега најмалку 16 лица го загубиле својот живот, а предизвикал и огромна материјална штета. Една од „жртвите“ на таа материјална штета е Тропикана Филд, познатиот стадион на кој бејзбол тимот Тампа Беј Рејс ги игра своите домашни натпревари.
Тропикана Филд е повеќенаменски стадион и е изграден во 1990 година. Најпрепознатлив е по покривот кој е направен од фиберглас, но тој повеќе го нема. Милтон го уништи, како и значаен дел од теренот и трибините, многу работи на стадионот беа во воздух.
„Среќни сме и благодарни што никој не е повреден. Во следните неколку денови и недели ќе го процениме точниот степен на штетата на стадионот „Тропикана“. Во меѓувреме, работиме со полицијата на обезбедување на зградата“, пораа од клубот.
Now that the sun is up, here’s a 360-degree view of the damage Hurricane Milton caused to Tropicana Field’s roof and the inside of the ballpark. Absolutely heartbreaking 💔 pic.twitter.com/ZCtPHv6rE9
— Ryan Bass (@Ry_Bass) October 10, 2024