Денеска Македонија го прославува големиот празник 11 Октомври и токму денеска нашата У-21 репрезентација во 14 часот на тренинг центарот на ФФМ “Петар Милошевски“ во Скопје, ја дочекува селекцијата на Молдавија. Ова ќе биде претпоследен меч за нас во рамките на квалификациската група – Ц за ЕП 2025. На 15 октомври и гостуваме на Грузија. И со шест бода избраниците на селекторот Драган Канатларовски не можат да го поправат пласманот, би останале на 4.место, но затоа можеме да паднеме едно место, молдавците да не прескокнат.
Во секој слулај овие два меча ќе бидат шанса да се поправи впечатокот во овие квалификации од кои се очекуваше многу повеќе отколку битка за 4. или 5.место.
Секако дека нашите младинци имаат денеска и посебен мотив, да се честита големиот празник 11 Октомври со победа, да ја израдуваат фудбалска Македонија со празнична победа.
Веќе неколку дена се одвиваа подготовките за овој меч, сите од ред најавуваат голема битка. Канатларовски имаше проблеми со играчкиот кадар, двајца стандардни се во А селекцијата, но и тие што се тука секако дека се кадарни да одиграат добро и да забележат четвртата победа во овие квалификации.
ТАБЕЛА – група Ц
1.Холандија 27 (9 меча)
2.Шведска 17 (9)
3.Грузија 16 (9)
4.Македонија 9 (8)
5.Молдавија 7 (9)
6.Гибралтар 3 (10)