Како што објави и официјално попладнево Реал Мадрид, десниот бек на “кралевите“ Дани Карвахал, денеска бил успешно опериран откако пред неколку дена се здоби со тешка повреда на лигаментите. Од клубот информираат дека самиот оперативен зафат минал во најдобар ред и дека сега следува долга рехабилитација.
Инаку јасно е дека за искусниот дефанзивец оваа сезона заврши, тој ќе може повторно да биде во тимот на Реал Мадрид дури во следната 2025/26 сезона.
“Ќе се вратам како ѕвер“ беа првите зборови на Карвахал откако дозна дека за него нема фудбал во наредните 10-12 месеци.