Гостивар во очекување на нов тренер по заминувањето на Муарем Муарем!

491

И дефинитивно и во Гостивар има тренерска смена. Имено Муарем Муарем не е веќе тренер на тимот од Гостивар кој оваа сезона атакува на врвот на табелата. Имено Муарем и целиот стручен штаб си поднел оставка и веќе неколку дена не е веќе во клубот. Муарем не е веќе со ниту една функција во клубот, ако се знае дека пред извесно време беше и спортски директор.

Во моментов со играчите работат тренери од младинската академија на Гостивар со до назначување на нов шеф на стручниот штаб,

Инаку познато е дека по репрезентативната пауза, Гостивар го чека екстремно тешко гостување и тоа кај лидерот Работнички на Националната Арена во Скопје на 20 октомври во рамките на 10.коло.

Кој ќе биде новиот тренер тоа го знае само газдата на клубот од Гостивар.

Инаку се ова во клубот се случува по она реми со Беса на свој терен кога беше 1:1.

ПретходноКосово со триумф над Литванија во Каунас! (ВИДЕО)
СледноСелекторот на Ерменија: Подготвени сме за одмазда!