„Ди Велт“: Томас Тухел ќе биде нов селектор на Англија!

103

Поранешниот менаџер на лондонски Челзи и Баерн Минхен, Томас Тухел, наскоро може да седне на клупата на фудбалската репрезентација на Англија. Веста ја објави авторитетниот германски весник „Ди Велт“.

Според изворот, во моментов активно напредува преговарачкиот процес меѓу ФА и германскиот стратег. Се истакнува дека договор меѓу страните може да биде постигнат веќе во октомври.

Тухел последен пат работеше како тренер на Баерн Минхен, кој го напушти на крајот од минатата сезона. Претходно беше објавено дека Потер, Лампард и Гау се исто така кандидати за местото селектор на репрезентацијата на Англија.

ПретходноСалах си замина од Египет, затоа што не сака да ризикува повреда на лошиот терен
СледноЦрна Гора тоне: Просинечки испиша антирекорд – пет порази по ред