Женг против Сабаленка во ВТА финалето во Вухан

71

Седмиот светски рекет во женска конкуренција, кинеската тенисерка Женг Кингвен се пласираше во финалето на турнирот во Вухан (Кина) од серијата 1000. Таа во полуфиналето со 6:3, 6:4 ја победи својата сонародничка, светскиот рекет број 51 , Ванг Ксињу.

Женг Чингвен во борбата за титулата ќе се сретне со вториот светски рекет, белоруската тенисерка Арина Сабаленка, која во полуфиналето го совлада четвртиот светски рекет, Американката Кори Гауф. Инаку, Сабаленка со пласманот во финалето во Вухан, стана тенисерка со најмногу финалиња на ВТА турнирите одржани во Кина за време на опен ерата. Таа има шест финалиња досега.

ПретходноЃоковиќ е легенда, избори уште едно Мастерс финале!
СледноРустемовски со победа го отвори настапот на ЕП во Софија