Рустемовски со победа го отвори настапот на ЕП во Софија

100

Првиот македонски боксер кој се појави на рингот во Софија на Европското првенство за боксери до 23 години, Ален Рустемовски, почна со победа. Нашиот боксер во категоријата до 57 килограми во првото коло беше подобар од Витас Хартсуеју и успеа да се пласира во осминафиналните пресметки.

Следен противник на Рустемовски ќе биде Ирецот Рајан Гејвин Шејн, кој во првата борба беше поуспешен од Тирзоман од Романија.

Денеска во попладневната сесија на првиот ден на првенството во Софија ќе се појават уште двајца македонски боксери. Дион Лена во категоријата до 63,5 килограми ќе боксува со Гагнидзе од Грузија, додека по него Арјан Исени во категоријата до 80 килограми ќе ги вкрсти ракавиците со Израелецот Илјушнок.

ПретходноЖенг против Сабаленка во ВТА финалето во Вухан
СледноСлот размислува за две засилувања во јануари