Селекторот на Ерменија: Подготвени сме за одмазда!

115

Утре од 18 часот во Ереван, во рамките на 4.коло во Ц Лигата на Нации во групата 4, Македонија и гостува на Ерменија. Јасно е дека ова ќе биде решавачки меч за првото место во групата, а нас реално ни одговара и реми.

Селекторот на Ерменците, Олександар Петраков за неговите очекувања во дуелот со Македонија, на денешниот пред покрај другото истакна:

Мислам дека утре ќе биде многу интересен и спектакуларен натпревар од наша страна. Се чувствуваме како да им должиме на нашите навивачи. Последниот меч со Македонците беше двосмислен. Мислам дека не го заслуживме тој пораз. Но, ние ја свртевме таа страница. Треба да можете брзо да ги заборавите тие порази. Утре секако се ќе зависи од фудбалерите… во каква состојба ќе бидат на теренот. тоа е секоја домашна работа. Тие се вистински мажи и се подготвени за одмазда“, изјави Петраков.

ПретходноГостивар во очекување на нов тренер по заминувањето на Муарем Муарем!
СледноНевиден скандал во ПЛ поврзан со Манчестер Јунајтед!