Кошаркарите на Олимпијакос синоќа во Пиреја го совладаа Жалигирис со 74:68 во неизвесна завршница, па сега и двата тима по две кола имаат триумф и пораз.
Саша Везенков го предводеше грчкиот тим до победата со 17 поени и 11 скока, а големо внимание на прес-конференцијата привлече тренерот на Жалгирис, Андреа Тринкиери кој зборуваше за Бугаринот и судиите Сретен Радовиќ, Миливој Јовчиќ и Саша Петек.
Италијанскиот стручњак особено се осврна на тоа што Везенков на овој натпревар изведе дури 13 слободни фрлања.
„Никој не сака да игра против Олимпијакос. Тие се високи, долги и имаат развиен повеќегодишен систем. Везенков се врати, го започнува натпреварот со 10 слободни фрлања. Не знаеме како (тоа го прави тоа), но тој ги гледа судиите и добива две слободни фрлања, буквално така е, потоа погледна на друг начин и доби уште два пенали, тие добија 43 слободни фрлања.
Олимпијакос е убедливо еден од најдобрите тимови и тие се свесни за тоа. Играат како тим што сака да победува и физички се силни“, рече Тринкиери.
На фактот дека Жалгирис ја забележал првата асистенција дури по 16 минути игра, Тринкиери „грмеше“.
„По ова што го кажа, треба да најдам мост и да се убијам. Евролигата е тешко натпреварување, особено за младите играчи или оние кои никогаш не играле во оваа лига. Сè е големо, брзо и физички напорно. Понекогаш играчите се вознемирени им треба период на адаптација, но ние заостанавме со два бода… Мораме да работиме на малку повеќе креативност, тоа е приоритетот“.