Хрватскиот фудбалски стратег Роберт Просинечки, инаку селектор на црногорската фудбалска репрезентација, синоќа постави негативен рекорд. Имено, синоќа Турција ја победи Црна Гора со 1-0 во третото коло од Лигата на нации благодарение на голот на Ирфан Џан Кахвечи во 69. минута, а Просинечки со тој пораз за првпат во историјата на црногорскиот фудбал запиша пет порази едноподруго.
По воведните победи на клупата на Црна Гора во март против Белорусија (2:0) и Македонија (1:0), негативната серија на Просинечки започна во јуни со порази во пријателските натпревари од Белгија (2:0) и Грузија (3:1), а сега во првите три средби во Лигата на нации, Црна Гора загуби од Исланд (2:0), Велс (2:1) и Турција (1:0).