По мечот во Лесковац, на кој Србија со 2:0 ја победи Швајцарија во Лигата на Нации, проследивме неверојатна сцена која е хит на овие балкански простори.
Познато е што мислат Србите за капитенот на Швајцарците, Гранит Џака, во текот на мечот постојано го исвиркуваа, но и тој а и селекторот на домашните Драган Стојковиќ – Пикси, покажаа дека се големи спортсмени.
Имено пред тунелот кој води кон соблекувалните на стадионот во Лесковац, Пикси и Џака прво се поздравија а потоа и се прегрнаа, секако дека си разменија неколку зборови.
Пикси пред мечот кажа дека Џака е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
Браво и за двајцата!
Pixi sacekao Dzaku pic.twitter.com/KyVWxkauRi
— FantomBeograda (@FantomBeograda) October 12, 2024