Димитриевски: Нека биде минимална победа, само да останеме први

64

Искусниот голман на нашата репрезентација и заменик капитен, Столе Димитриевски, во пресрет на средбата со Ерменија утре во Ереван, на прес-конференцијата потенцираше:

„Овој натпревар можеби е одлучувачки за првото место во групата, па ако со победа го осигуруваме првото место, тогаш нека биде и минимална победа од 0-1, но да бидеме први. Ние имаме наши репрезентативците кои играле во лигата на Ерменија меѓу кои и голманот Дамјан Шишковски со кој често разговараме за ерменските репрезентативци. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработка со одбранбените фудбалери на последните три натпревари и верувам дека и утре нема да примам гол. Сите натпревари се тешки. Така ќе биде и утревечер“, рече голманот на Валенсија.

ПретходноМилевски: Ова е меч кој одлучува за првото место, никако нема да ги потцениме
СледноКосово со триумф над Литванија во Каунас! (ВИДЕО)