Голема драма вечерва на “Максимир“ во Загреб. Имено Хрватска во А Лигата на Нации успеа со 2:1 да ја победи Шкотска, но сепак треба да се каже дека ВАР во 90+5.минута ги спаси “коцкестите“ од кикс на свој терен. Имено Адамс постигна гол за 2:2, пото следуваше три минути прегледување на снимката и се востанови дека било офсајд, па затоа Хрватите победија.
Инаку Шкотска поведе со голот на Кристи во 33.минута. Потоа следуваше пресврт на Модриќ и компанија. Прво Матановиќ израмни само три минути подоцна, за да Крамариќ во 70.минута донесе победа.
Ова за Хрватска беше втората победа во третиот меч во групата 3 во А Лигата на Нации.
Од 18 часот се играше уште еден меч, Бугарија дома во рамките на Ц Лигата на Нации одигра 0:0 против Луксембург.