Лошата серија на Уругвај продолжи и во Лима

62

Перу славеше над Уругвај со 1-0 во квалификацискиот натпревар за пласман на СП одигран во Лима. Домаќинот беше подобриот тим во голем дел од мечот, а до триумфот дојде во 88. минута со голот на Мигел Араухо.

Тоа беше прва победа за Перуанците, кои претходно постигнаа само два гола во првите 8 натпревари.

На другата страна Уругвај е во серија од три последователни натпревари без постигнат гол во квалификациите и не успеаја да ја симнат Колумбија од втората позиција.

ПретходноНе му даваат минутажа, но нема да му дозволат да си оди во јануари
СледноФранцуската јавноста е бесна на Килијан Мбапе