И покрај тоа што самиот најави дека во јануари сака да си замине од Челзи, лондонскиот клуб нема да го продаде, ниту позајми украинскиот репрезентативец Михаил Мудрик.
Според новинарот Бен Џејкобс, лондончани не планираат да го продадат или да го позајмат фудбалерот до крајот на сезоната. Крилниот напаѓач, наводно, е во плановите на Мареска како замена за Џејдон Санчо. Менаџерот Енцо Мареска се уште го смета Мудрик за важен играч и постојано работи со него за да се подобри.
Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот Украинец одигра само 4 натпревари во просек по 20 минути.