Пато откри како Ибрахимовиќ за „влакно“ се спасил од ќотек

419

Златан Ибрахимовиќ се најде на земја, а Огучи Онјеву над него со стисната тупаница во воздух пред нивните соиграчи од Милано во 2011 година. Тогаш Швеѓанецот се извлече за „влакно“.

Поранешниот шведски напаѓач е познат по лоша смисла за хумор што не им се допаѓа на сите, а знаел и да претерува со шегите кон соиграчите, но во таа прилика во ноември 2011 година за малку ќе добиел ќотек. Ова го откри Александре Пато во едно неодамнешно интервју.

Конфликтот настанал на тренингот откако Ибрахимовиќ го налутил Онјеву со грубо лизгање, откако претходно Американецот ненамерно го удрил по зглобот.

“Онјеву продолжи да игра. Тој не го направи тоа за да го повреди, туку само сакаше да дојде до топката. Само што се опорави од повредата и малку се двоумеше. Во еден момент застана, а сите го видовме Ибрахимовиќ како трча со намера тешко да го повреди“, се сеќава Пато и откри:

“Онјеву беше навистина добро момче, со големо срце. Ибрахимовиќ стана и се обиде да го фати за дресот за повторно да го собори. Огучи го собори за неколку секунди. Ибра е огромен, но Онјеву го собори со неверојатна леснотија како да крева чаша. Потоа тој веднаш скокна врз него, го блокираше и се подготвуваше да удри. Сите почнавме да викаме: “Стоп, застани! Ќе го убиеш!”, вели Пато.

Ибрахимовиќ, легендата на светскиот фудбал, за Милан одигра 163 натпревари со учинок од 93 гола и 34 асистенции, а со клубот освои титули во Серија А во 2011 и 2022 година. Онјеву беше во Милан од 2009 до 2011 година. Тој одигра вкупно 31 минута за клубот, сите на натпреварот од Лигата на шампионите против Цирих во септември 2009 година.

ПретходноВарди мора да си оди од Лестер поради неговата сопруга!
СледноСалах си замина од Египет, затоа што не сака да ризикува повреда на лошиот терен