Вечерва се одиграа неколку мечеви во Лигата на Нации. Шпанија со голот на Зубименди славеше против Данска со 1:0, додека во Варшава Португалија славеше на гости против Полска со 1:3. Стрелци на головите Зиелински кај домашните, а кај гостите стрелци беа Бернардо Силва, Роналдо и автоголот на Беднарек.
Ова за Роналдо беше 906 гол во кариерата, ова беше 133 погодок за Португалија во 215 настап.
Сепак и покрај се нешто друго од Роналдо е потег на вечерта. Во еден момент на теренот се најде еден негов фан со негов дрес. Португалецот го сопре обезбедувањето, навивачот потоа си направи селфи со својот идол и беше презадоволен.
Од ова се гледа дека Роналдо и тоа како знае да ги почитува своите фанови.