Работнички ја запиша втората победа оваа сезона во Првата лига. Избраниците на Горан Самарџиев го совладаа Шкупи со 73-81 во меч од второто коло.
„Црвено-белите“ одиграа одлично во втората четвртина која ја добија со 10-25 и на одморот заминаа со позитива од 39-51. По одморот Шкупи полека, но сигурно ја топеше предноста на противникот. На минута и пол до крајот успеа да намали на минус пет (73-78), но не и да приреди пресврт. Работнички искусно го приведе дуелот во своја корист и на крајот сосема заслужено се радуваше.
Стојан Ѓуроски имаше 20 поени и 7 скока, зад него беше Виктор Ефремовски со 17 поени и пет скока, а дабл-дабл ефект имаше Полутак од 15 поени и 12 скока, додека Робев 13 поени и 9 скока. На другата страна Аранитовиќ запиша 18 поени и 8 скока, Стојановски имаше 15 поени.