У-19: Убедлив пораз од Словачка, но и натаму Македонија е во игра за 2.место во групата!

115

Вечерва во Луксембург, во меч од 2.коло во квалификациската група за пасман во елитните квалификации за пласман на У-19 ЕП 2025, Македонија беше убедливо поразена од Словачка со 0:3. По ремито со Летонија ете денеска сме поразени.

Во 34.минута Дикос и донеде водство на Словачка, на 0:2 зголеми нашиот дефанзивец Синанов со автогол во 38.минута, додека за 0:3 стрелец беше Петрушка во 67.минута.

Инаку мечот за нашата млада селекција го започнаа:

Вргов, Крстевски, Мелиќи, Синанов, Ајетовиќ, Милот, Ристовски, Гаштаров, Љатифи, Младеновски, Данев.

Играа уште: Бошњаков, Ислами, Елмас, Подграѓа.

Треба да се каже дека и покрај убедливиот пораз У-19 Македонија и натаму е во игра за 2. место кое директно води во елитните квалификации. На 15 октомври играме со Луксембург и ни треба победа.

РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО

Македонија – Словачка 0:3

Луксембург – Летонија 3:2

ТАБЕЛА

1.Словачка 6

2.Луксембург 3

3.Летонија 1

4.Македонија 1

СЛЕДНО КОЛО

Македонија – Луксембург

Словачка – Летонија

ПретходноВардар се прошета низ Прилеп
СледноДрама на “Максимир“: Хрватска победи ама ВАР ги спаси “коцкестите“ во 90+5.минута од кикс против Шкотска!