Ѕвездата на Трабзонспор и капитен на Македонија надалеку е прочуен по изведување на слободните удари. Има да се раскажува со часови како тоа и против кого Енис Барди маестрално изведуваше слободни удари, ако не се лажеме меѓу последните за Македонија, Супер – Барди постигна перфектни голови од далечина против Италија и Ерменија.
Вечерва на тренингот во Ереван нашиот капитен вежбаше слободни удари, а Алими, Миовски, Елмас, Алиоски и Атанасов со неверување гледаа како Барди шутира.
Којзнае, можеби ќе научат нешто.
А Барди како да сакаше да им каже: Момци МАКЕДОНЦИ – вака се “фрлаат“ БОМБИ.
За крај да се надеваме дека барем еднаш Ерменците утре ќе направат фаул некаде на 20-25 метри од својот гол.
А после се знае, СУПЕР – БАРДИ и гоооооол!